Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Зелен ЦИВИЛ во Гевгелија: Градоначалникот Поцков со цел општината да биде модерна, европска и зелена

29/09/2020
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Зелен ЦИВИЛ во Гевгелија: Градоначалникот Поцков со цел општината да биде модерна, европска и зелена
Share on FacebookShare on Twitter

„Слоганот со кој јас настапував на локалните избори во 2017 беше „Модерна, европска и зелена Гевгелија“. Голем дел од капиталните инфрастуктурни проекти водат кон тоа гевгелија да биде зелена општина. Со тековните работи исто така посветуваме големо внимание на зеленото. Сакам да упатам една порака како позитивна пракса од Гевгелија: голем дел од прашањата за отворање на рудници и фабрики што би можеле да бидат глоеми загадувачи на Гевгелија се одбиени на седницата на Советот на Општината, во транспарентни постапки во дослух со граѓаните. Крајната порака е дека го имаме слухот на граѓаните, на невладините организации и сè што правиме е во тој правец да ја направиме Гевгелија модерна, европска и зелена“, изјави Сашо Поцков, градоначалник на Гевгелија во заедничка изјава за медиумите со тимот на Зелен ЦИВИЛ.

Градоначалникот беше дел од работилницата „Зелените доаѓаат“ како дел од Зелениот караван на ЦИВИЛ за промоција на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

„Целта на Зелениот караван е да ја зајакне јавната свест во контакт со граѓанките и граѓаните во преку 15 општини во Република Северна Македонија. Убавата Гевгелија, секогаш е на нашата проектна мапа, во сите наши проекти, затоа што овде наидуваме на инзворедна од градоначалникот и општинските власти. Сметам дека Гевгелија е одбар пример, почнувајќи од јавната свест којап окажа една висока зрелост за зелените вредности и за тоа како треба да се третираат еколошките теми и проблеми во едно општество. Тоа што ние се обидуваме преку Зелениот караван е да ја подигнеме јавната свест за учество на граѓанките и граѓаните и општиниските власти во креирање на една политика која е во соодност на зелените вредности. Зелените вредности започнуваат со тезата дека претставуваат почитување на човековите права и достоинство. Зелените вредности не се однесуваат само на комуналната хигиена или чистиот воздух“, изјаив Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Дерала на работилницата „Зелените доаѓаат“ ја презентираше и Граѓанската платформа „Зелените“, за демократија, антинационализам и зелени политички, општествени и економски алтернативи.

Модераторката на работилницата, Биљана Јордановска, за медиумите изјави дека борбата за демократија подразбира заедничка соработка и учество на граѓанките и граѓаните и на носителите на одлуки на национално и локално ниво. Самата работилница, нагласи таа, е можност за вклучување во креирање на зелени политики каде сите ќе ги почитуваат и поддржуваат овие вредности во целост, да станат дел од ЗЕЛЕНИТЕ – Граѓанска платформа за демократија, антинационализам и зелени политички, општествени и економски алтернативи.

Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнирх Бел.

Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети


Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

This post is also available in: Albanian

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW