ЦИВИЛ во рамките на Зелениот караван денеска, 21 септември со почеток во 17 часот ќе одржи работилница во Гостивар, во Амфитеатарот кај Кејот.
На работилницата ќе учествува градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, како и претставници на општинскиот совет и институциите, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите и активистите во соодветните области. На работилницата се предвидува учество од максимум 20 лица, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
Модераторка на работилницата ќе биде Биљана Јордановска од ЦИВИЛ, а со свое излагање за проектот ќе се претстави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
Пртеходно во Тетово и Гостивар тимот на Зелен ЦИВИЛ ќе одржи инфо-штандови каде граѓанките и граѓаните, медиуимите и сите заинтересирани лица кои ќе го посетат штандот ќе имаат можност да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ, а воедно ќе можат да учествуваат во видео анкетата: „Зошто зелено? Кажи го гласно своето мислење“.
Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.