Зелен ЦИВИЛ ги праша граѓанските активисти колку национализмот е штетен за нашаето општество и како да се бориме против него.
На темата зборуваа Дороти Пачкова, Андреј Сених, Снежана Трпевска и Жаклина Мучева.
„Национализмот како и поларизацијата не нè води никаде, не носи секако далеку од Европа. Не носи и во загуба на многу човечки животи, идеали и неостварени соништа“, вели Дороти Пачкова од „Една може“.
„Ние како актери на граѓанскиот сектор, навистина сметам дека национализмот го сметаме за прилично назаден, ретрограден начин на гледање на работите кој што е неодржлив во едно современо општество. Има премногу други суштински проблеми меѓу луѓето во светот коишто го чинат квалитетот на живот на луѓето, мирот, стабилноста… за да сè уште се бавиме со национализам. За жал, реалноста е таа дека мораме да се справуваме со национализмот. Се надевам дека граѓанскиот сектор работејќи на други конкретни прашања придонесува да се неуптрализира тој притисок на национализмот што го чувстуваме и во нашето и во другите општества.
„Мислам дека национализмот е нешто што нема лесно да се искорени. Евреите навистина од секогаш вложуваат многу за да се искоренат таквите видови на појави кои што водат кон регрес и уназадување на целото човештво. Мислам дека национализмот е производ на неправилно играње на политичките партии. Кога велам играње мислам на нивно раководење или обединување на граѓанството во нашата земја. Мислам дека од нив зависи многу и во огромен процент тие можат да помогнат“, смета Жаклина Мучева, од МЦХЕМ.
„Национализмот е некој вид општествена конструкција Да ги набљудувате луѓето врз база на нивната етничка припадност и да сметате дека се тие поинакви, дека се други, дека се различни од нас. Тоа е исто дел од прашањето за различностите. Искажувањето на националистички ставови доаѓа пред се од политиката, иако има и други корени, и води кон разединување, кон продлабочување на поделбите, создава вознемиреност кај луѓето, разлики… Она што ние го истражуваме е колку тоа се продуцира во медиумските содржини, колку се застапени таквите ставови. Меѓутоа не сега не зборуваме само за традиционалните медиуми, сега зборуваме и за некакви стереотипи, слики и ставови што цирклираат пошироко и во онлајн сферата“, вели Снежана Трпевска од РЕСИС.
Б. Ј.
камаера: Д. Муратов
монтажа: А. Мехмети
Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.