Зелен ЦИВИЛ ги праша граѓанските активисти колку национализмот е штетен за нашаето општество и како да се бориме против него.
„На 21 век многу му штети национализмот. Можеме да го отстраниме ако сите се фокусираме на човештвото“, вели Мерсиха Смаиловиќ, Легис.
„Национализмот е многу штетен на нашето општество и влијае на целокупното делување на државата. Употребата на погрдни зборови, говор на омраза, лажни вести дополнително е причина за зголемување на национализмот. И наместо да се бориме, ние одиме назад. Верувам дека со активно вклучување на граѓанските организации, но и институциите ќе можеме да се подобриме“, вели Билјана Атанасовска од „Епл три“.
„Национализмот во многу нешта се меша со лажниот патриотизам. Кога не се прави разлика што е патриотизам, а што национализам се предизвикува штета. Има и политички струи што сакаат то да го држат on the air за свои лични користи и интереси. И тоа штети, на било кое движење за слободата, на целото општество, посебно на младите и посебно во критични моменти“, вели Беким Асани до ЛГБТИ Јунајтед од Тетово.
Б. Ј.
камера: Д. Муратов
монтажа: А. Мехмети
Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.