На тема национализам, штетноста и како против него, разговаравме со Александар Кржаловски, МЦМС. Тој смета дека изборните циклуси секогаш придонесуваат за разгорување на страстите што водат до појава на национализам.
„Национализмот повеќе беше проблем во минатото. За жал, особено со изборните циклуси, повторно се реактуелизира и се разгоруваат страсти, би рекол, без потреба. Се надевам дека во граѓанските организации, но и меѓу граѓанството сè помалку поминува лошиот национализам, во смисла на исклучивост, иако, нели, љубовта кон својата нација или етничка група е сосема во ред… Драго ми е што на настанот со претседателот Пендаровски и тој се заложи и беше една од клучните теми деполаризацијата и намалување токму на тие тензии особено по национална основа. Се договривме преку заеднички иницијативи да работиме и ние граѓанските организации и тој како претседател да биде иницијатор“, вели Кржаловски.
Б. Ј.
камера: Д. Муратов
монтажа: А. Мехмети