Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, во интервјуто за Зелен ЦИВИЛ зборуваше на темите за зелените вредности, социјалната правда и антинационализам.
„Зелените вредности кои можеби до сега не беа доволно промовирани преку зелените опции во државата се можеби многу повеќе секојдневие во демократија во европските држави и е многу поразлично од она што е наша секојдневна перцепција.
Кога ќе се прашам себеси што се зелени вредности, јас би ги дефинирал на следниот начин: зелени вредности се што е она што јас го правам за себе, за непосредното мое опкружување, за државата, за планетата земја.
Ќе наравам една паралела, бродот по кој што пловиме се нарекува земја, но ако теретот на тој брод го ставиме на едната или другата страна истио тој ќе потоне. Она што ние сега го правиме во моментот е еден огромен дисбаланс во сите сегменти нао птшественото живеење. Можеби не толку возразен, ама потекнувам од генерациите којшто живееја во претходниот систем и сметам дека споредбата со тој систем е дека имавме институции што се грижеа за поединецот, се грижеа за животната средина, имаше многу пишани и непишани етички вредности кои што се почитуваа за разлика од денеска кога имаме многу закони, но сè помалку и помалку ги почитуваме.
Од друга страна, наместо во реалниот свет, ние живееме во еден виртуелен свет на пријатели коишто се на социјалните мрежи, на наводно убави моменти од нашиот живот кои ги сподлеуваме, можеби со право, во секој момент, но сето она како реалност што ни се случува не само во државата туку и во нашето непосредно опкружување. Мојата перцепција е дека имаме нагон на човештвото за групирање на капиталот од една страна и максимално искористување на она што во моментот ни се пружа како ресурс. Одржливото искуристување на ресурсите која што ни ги пружа планетата земја се ограничени. Од тоа колку генерации ќе опстојат да ги конзумираат зависи од самите нас, затоа што тие ресурси можеме да ги искористиме во еден ист момент и со тоа да предизвикаме самоуништување. Но, можеме да ги користиме онолку колку што ни се потребни на самите нас за да имаме доволно ресурси да го градиме човечкото постоење и цивилизација на еден долг рок.
Затоа зелените вредности се многу повеќе од она што значи грижа за животната средина. Кога зборуваме за тоа кои се зелените перспективи на Крива Паланка ќе кажам дека во ваква ситуација имаме огромен простор за работа. Во моментот се гордеам со тоа што баш во таа класична смисла на зборот носиме стратегија за развој на туризмот, ги промовираме нашите убавини, но од друга страна почната е постапка за прогласување на Осогово како заштитено подрачје на природата. Во таа насока акцентот го ставаме токму во тој зелен контекст. Од друга страна носиме еве, на пример, прогорама за социјална заштита којашто преку социјален профил на граѓани, но и од аспект на тоа дека тие вредности вклучуваат и низа други аспекти во работењето, транспарентноста, коректноста кон другите етнички заедници, дали се припадници по верска или по друга припадност, треба во голема мера да ги именуваме. Ако прашањето е дали имаме простор за делување, да како општина имаме огромен простор за делување и неоходно е само преземање на конкретни систематизирани чекори што ќе доведат до конкретни резултати“, вели Мицевски во однос на прашањата за зелените перспективи и вредности во Крива Паланка и нивното перцепирање во јавноста.
„Не сакам да навредам никој, ние во животот се раѓаме како единки што секојдневно учиме. За секоја област можеби имаме и доктори на науки што можеби знаат во одреден процент нао на што е примарна дејоност или нивно занимање. Но, за да се навлезе во суштината на секоја област и стручно да се толкува секоја проблематика, а особено во контекст на зелените вредности, сметам во целина дека како поединици, како нација и како политичари знаеме многу малку. Сепак, промоцијата на тие зелени вредности, можеби во следниот период мора да дојде од оние зелени опции кои да речеме во Шведска, Норвешка се поразвиени и одамна се практикуваат. Она што го правите и вие како активност е само анимирање на пошироката јавност со која ние осознаваме кои се тие зелени вредности и кое е човечкото достоинство при секојдневното работење и делување во она што се нарекуваа зелени вредности. Социјалната исклученост која ја имаме денеска во огромна мера во време на Ковид-19, пристапот до здравствените институции за луѓето кои не се вработени и немаат здравствено осигурување од руралните средини каде немаме амбулатни, каде што здравствениот систем не може да одговори на сите повици на потенцијално инфицирани, е само еден сегмент којшто збори за таа социјална исклученост и социјална неправда.
Социјалната исклученосгт во многу нешта зборува какво ни е општеството. Втор пример е исклученост на дечињата во воспитно образовниот систем во услови на Ковид-19. Ние можеби ги обезбедивме нашите училишта во градот со компјутерска опрема, оптички интернет за спроведување на таа настава, но дали се прашуваме колку од тие дечиња од руралните средини немаат соодветно услови да ја следат таа настава. Тоа зборува за таа социјална исклученост…
Сепак, законите кои се носат треба да бидат основна смерница на нашето делување. Почитување на тие закони, а не заобиколување во секој момент и барањето на некаков излез од непочитувањето. Почнувајќи од сообраќајните прекшоци, неносење маски, одбегнување на плаќањето на данок… тоа е нешто што треба да престане и да се корегира. Тоа не бара многу сила и енергија, туку бара почитување на тие законски одредби и самосвест и самоконтрола, тргнувајќи од самите себеси па до сите останати и како поеднинци и како систем“, одговори Мицевски на прашањата повразни со другите сегменти и поврзаноста на зелените вредности со социјална правда.
Јон Ајдини
обработка на текст: Б. Јорднаовска
камера и монтажа: А. Мехмети
This post is also available in: Albanian