Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Пекевски: Медиумите треба да едуцираат какво зло е национализмот и да промовираат солидарност и толеранција

15/10/2020
in АКТУЕЛНО, ИНТЕРВЈУ
Пекевски: Медиумите треба да едуцираат какво зло е национализмот и да промовираат солидарност и толеранција
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Берово одговори на прашањата на Зелен ЦИВИЛ на тема зелени вредности и перспективи, социјална правда и антинационализам.Зелен ЦИВИЛ: Кои се зелените перспективи на вашата општина?

Пекевски: Сметам дека со секојдневно зголемување на зелените површини и уредување, пошумување и одржување на шумскиот фонд, реализација на стратегијата за енергетска ефинасност, намалување на трошоците на  јавните објекти кои се под ингеренција на општината и вклучување на поголем број од населените места во пречистителната станица за отпадни води или изградба на колектори во сите населени места и туристички населби, ќе се подобри состобјата во Берово.

Зелен ЦИВИЛ: Кога говориме за зелените вредности, познато е дека тие не се однесуваат само на заштитата на животната средина која, пак, често се меша со поимите поврзани со комуналната хигиена. Зелените вредности подразбираат почитување на човековото достоинство, што подразбира и социјална правда и антинационализам, стратегии за одржлив развој, што подразбира напуштање на принципите на либералниот капитализам… Колку, според Вашите анализи, знаат политичарите во нашата земја?

Пекевски: Свесноста постои, но има голем простор за зголемување и унапредување. Попрогресивните политичари ги имаат овие прашања поставено повисоко во својата агенда, но сепак сметам дека работите се движат во правилна насока.

Зелен ЦИВИЛ: Вашиот став за растечките политички и етнички мотивирани тензии во нашата земја? Кому одат во прилог, а кој губи?

Пекевски: Поделбите и тензиите на никого не му одат во прилог. На сите задничка цел треба да ни биде да го подобруваме животот на граѓаните од сите можни аспекти, без разлика од која етничка и политичка група доаѓаат или по било каква друга припадност.

Зелен ЦИВИЛ: Што треба да се направи во овој поглед?

Пекевски: Состојбите треба да се унапредуваат со заеднички обуки и иницијативи од сите засегнати страни и како политичари, треба да се стремиме кон следење на современите европски вредности и соработка со Здруженијата на граѓани и бизнис секторот за заедничко дејствување и подобрување на состојбата.

Потребни се сериозни промени во медиумската сфера, кои како организиран облик на штитење на интересите на јавноста ќе едуцираат какво зло е национализмот и нетолеранцијата по било каква основа и по сите можни канали ќе се промовираат толеранцијата, соживотот, солидарноста и сите други позитивни хумани вредности, кои едно општество го прават прогресивно.


обработка на текст: Дијана Тахири


Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

This post is also available in: Albanian

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW