Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Посебноста на локацијата на фабриката Треска

26/10/2020
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА, СТАВ
Посебноста на локацијата на фабриката Треска
Share on FacebookShare on Twitter

пишува:  ДАНИЦА ПАВЛОВСКА ЦИГИ

Уште еднаш да подсетиме на посебен урбанистички третман на локацијата на фабрика Треска со распишување конкурс заради добивање на квалитетно решение за сите. Да, се очекува чесен натпревар на современи идеи и објективен компромис на интереси во кој треба да надвладее јавниот над приватниот интерес. Неопходно е да надвладее етиката во струката, а високиот професионализам во обликување на просторот да го надвладее незнаењето и наговестените “сирови бизнис намери“. Некогаш треба да се справуваме со голата правна прагматика на урбанистичките (лоши) планови низ суптилно одбрана политика на нивното (не)спроведување.

Со оглед дека е многу, многу, многу лоша настанатата состојба во Скопје во однос на слободниот простор, јавниот и зелениот, (како и на аерозагадувањето), мора да изнајдеме начин и форма да си го оправаме градот. Преку суштински измени на барањата до планерите и проектантите, ние, граѓаните да си го водиме тој заздравувачки процес. Мораме да го спречиме профитерскиот урбанизам ма колку тој да е примамлив за градежниците, инвеститорите, кредиторите… Мораме да инсистираме економската димензија на урбанизмот да се замени со човечката. “Градови за луѓе“ е начело зад кое цврсто застанавме заради наше добро, нашето квалитетно живеење, нашето ментално здравје, нашата колективна естетика итн.

Во овој случај доверено и’ е на Општина Центар во наше име, во име на граѓаните да се справи со евентуалните подметнувања, изигрувања, омаловажувања и слични саботажи на започнатото. На тест е нејзината способност транспарентно и отчетно да го отвори овој јавен дијалог, да направи вистински храбар исчекор и да го спроведе овој конкурс трпеливо и мудро. Започнува период на самодокажување на граѓанскиот курс и постапно воспоставување на моќта на разочараниот граѓанин. Впрочем, така ќе се покаже доследност на започнатите урбани политики на сегашната водечка гарнитура на локалната власт и таа може да биде запаметена по својата принципиелност.

Но, постојат индиции за спречување на овој граѓански процес, постојат сомнежи во добрите намери на учесниците и мислата лесно се наведува на можна коруптивност, криминал, злоупотреба…

Општина Центар, докажете го спротивното!

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW