Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, зборува за тоа како го направи градот да е позелен, модерен и да ги застапува европските вредности. Тој зборува и за тоа како се победи национализмот во Гевгелија дури и додека траеше проблемот со името со соседна Грција.
Зелен ЦИВИЛ: Кои се зелените перспективи на Гевгелија?
ПОЦКОВ: Зелените перспективи во Гевгелија се секогаш предизвик за секој градоначалник, поготово за мене се во работната агенда во мојот мандат, бидејќи јас ветував пред граѓаните дека ќе ја направам модерна и европска и зелена Гевгелија. Направивме три капитални инвестиции, изградба на нов водовод, порано во гевгелиската вода имаше присуство на арсен, сега тоа веќе е минато. Изградба на прочистителна станица која е една од најголемата и најмодерната во Република Северна Македонија и изградба на локална депонија.
Како солидарност, односно еден вид на одговорност на светот спрема тоа што се случуваше на граница кога беше напливот на сириската криза. Тие се во перспективата и треба да овозможат тековно решавање на се што е зелена површина, односно правиме еко-акции за зачувување на животната средина. Истовремено кога правиме нови булевари или улици, или кај што веќе се направени улиците ните засадуваме дрвореди кои ќе дадат резултати за неколку години. Правиме и паркови каде што ќе можат и младите и повозрасните да седат.
Зелена Гевгелија не е само зленилото во градот, туку да се направи Гевгелија убаво и пристојно место за живеење, тргнувајќи од желбите и потребите на граѓаните. Јас како градоначалник имам слух да ги слушнам потребите на граѓаните и во креирање на буџетот вметнуваме такви ставки.
Советот си има друга агенда и мислам дека Гевгелија веќе покажа со првиот рефереднум против рудниците. Имаше поднесено иницијатива од еден инвеститор за преработка на отпад кој ќе биде носен од Италија во (ертрбе брикети) исто така ја одбивме бидејќи концепт на Гевгелија е лесна и незагадувачка индустија, така што фокусот на моето работење е одржлив еколошко – економски развој, тоа е правење баланс екологијата да не биде препрека на развој на економијата, ама да не биде и профитот на штета на екологијата.
ПОЦКОВ: Многу мал број да бидам искрен. Обременети од секојдневието, со пандемијата, а пандемијата не би требало да биде изговор бидејќи се случи оваа година, меѓутоа ни недостасуваат едукации, бидејќи сите доаѓаме на овие функции од одредена струка, со одредени квалификации, со заршено и оформено образование и би тргнал од себе дека ми фали ваков вид на едукација. Во Дом на културата денеска ЦИВИЛ имаше таква едукација за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
Полесно е да се води општина или да се менаџира некоја институција кога ќе има патоказ на нештата. Кога би ги знаеле овие информации би биле „наоружани“ со ваквите сознанија и би ги споделиле со граѓаните и ќе очекуваме повратен одговор дали и тие ќе ги прифатат или не и тоа за мене ќе биде водилка како да се поставам во текот на мандадот, односно како да го креирам буџетот, ана кои сегменти од потребите треба да обрнам поголемо внимание.
Темата што ја начнавте социјална правда, праведност и тоа е дел од системот на зелените вредности. Се партиципира, меѓутоа тука треба да се направи една дистанца во перцепцијата на луѓето што е тоа што може да го овозможи локалниот (гавармен) градоначалник преку субвинционирање на одредени ставки, а што е тоа државна политика што се испорачува преку Министерството за труд и социјална политика. Луѓето немаат таква перцепција, они мислат дека кога ќе чукнат кај градоначалникот дека ќе им го реши проблемот, бидејќи мислат дека тој е надлежен за сите проблеми. И таму треба едукација, не само за нас градоначалниците, туку и за пошироката јавност.
А околу национализмот, шовинизмот, човековите права мислам дека Гевгелија ги има тие вредности. Спорот со Грција фала богу е надминат со Преспанскиот договор, дневно доаѓаат по 2-3 ијлади Грци во Гевгелија и никогаш немаше инциденти и горд сум на тоа. Имаме стотина мешани бракови од кои произлегоа деца, кои се внуци на некои баби и дедовци кои се и во Македонија и во Грција. Границата не претставуваше проблем ниту со проблемот кој беше политички, и мислам дека Гевгелија треба да е пример како треба да се практикуваат тие европски вредности. Нормално не сме совршени и ние ќе се надградуваме и усовршуваме. Со влез во ЕУ веќе влегуваме во едно пошироко семејство.
Зелен ЦИВИЛ: Што ќе кажете за растечките политички и етнички мотивирани тензии во нашата земја? Кому му одат во прилог, а кој губи?
ПОЦКОВ: Губиме сите, во прилог може да му одат само на некои политички партии ако имаат во своите агенди. Национализмот е поразен во овие преостори со војните кои беа во деведесетите години, не сакам да се навраќам, фала богу Македонија ги избегна тие војни кои беа во соседството, и бевме сведоци на многу настани и во исто време нас не погоди ембаргото до 1995 година што беше од соседна Грција заради името. Тој спор го решивме во Обединетите нации со назначување на преговарач, така што национализмот е поразена категорија во овие преостори и секој што ќе се води да поттикне национализам или да го има во политичката или животната агенда да му биде тоа мисија за мене мислам дека тоа е унапред осуден на пораз, бидејќи веќе таква публика во Македонија нема.
Се направија многу работи, поготово со доаѓањето на СДСМ на власт со преземањето на власта во 2017 година, и јас доаѓам од истата партија и знам какви вредности делиме, ние имаме сопартијци од различни политички партии. Со доаѓањето на СДСМ на власт и премиерот Зоран Заев, спаднаа тие меѓуетнички тензии, со давање на поголеми права на албанската популација што искрено мене не ми смета бидејќи тие се граѓани на Р.С. Македонија и ни треба соживот. Ќе тргнам од примерот на една фамилија, колку што е посложна толку ќе е понапредна.
Дехран Муратов
камера: Јон Ајдини
монтажа: Ариан Мехмети
Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
This post is also available in: Albanian