Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Шара Планина за национален парк – јавна расправа во Тетово, Гостивар, Теарце и Врапчиште

12/10/2020
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Јавна кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк
Share on FacebookShare on Twitter

Јавните расправи за Нацрт законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II- Национален парк, започнуваат идната недела и ќе се одржат во Општините Тетово, Гостивар, Теарце и Врапчиште. Жителите, граѓанските организации и институциите од овие локални самоуправи ќе треба да ги дадат своите сугестии и забелешки за нацрт законот и другите документи со кои ќе треба да се стави во заштита природата и биодиверзитетот на еден од најуникатните предели во земјата. Јавните расправи се чекор пред официјалното изгласување на законот и фактичката заштита на Шар Планина, како подрачје со исклучителни вредности, ретки и ендемски видови и уникатни екосистеми. Јавноста одамна бара соодветна заштита на Шара и спречување на нејзиното уништување, од активности како е нелегалната сеча на дрва, но и од различни градежни зафати што се закана за опстанок на живиот свет, како што е изградбата на малите хидроцентрали.

Од министерството информираат дека, ќе бидат организирани четири јавни расправи и тоа, на 13 октомври, вторник во 14 часот на Универзитетот во Тетово, следниот ден, 14 октомври во 15 часот, во Салата на Советот на Општина Гостивар, и во 18,30 часот во спортската сала во село Неготино во Општина Врапчиште и на 15 октомври, четврток, во 18 часот, во спортската сала во селото Теарце, Општина Теарце.

„Нацрт-Законт е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи www.ener.gov.mk и на веб страната на министерство www.moepp.gov.mk, а сите засегнати страни можат да достават коментари, забелешки и консултации најдоцна десет дена од одржувањето на последната јавна расправа, односно до 25 октомври 2020 година на infoeko@moepp.gov.mk. Заради почитување на здравствените протоколи, учеството на јавните расправи мора да биде најавено на skj.mzspp@gmail.com“, информираат од Министерството.

Според текстот на Нацрт законот за прогласување на Шар Планина за национален парк, целта е да се зачувуваа автентичната состојба на природата и да се спречат дејствија што можат да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите. Актот предвидува создвање поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа./META

govor
CIVICA
govor
CIVIL
CIVIL
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ

© 2022 GREENCIVIL