На прашањето Колку национализмот му штети на општество и како да се бориме против него, Санела Шкриељ, посебен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука, вели дека реформирањето на образованието е во насока на градење поинакви вредности.
„Секаков вид на поделба на граѓаните по било која основа, вклучително и национализмот, му штети на општеството. Она што сметаме дека е основата на развојот на секоја индивидува е образованието. Токму затоа сметаме дека образованието треба да биде врвен национален приорет и во наредниот период навистина ќе работиме многу на реформирање на образованието во насока на градење на такви вредности кај децата од најмали нозе, а тоа е такму почитување на различностите“, вели Санела Шкриељ.
Б. Јордановска
камера: Д. Муратов
монтажа: А. Мехмети