Зелен ЦИВИЛ на тема национализам зборуваше и со Мехмет Точи од здружението „Месечина“, Тетово. Точи посочи дека секојдневно сме сведоци на неговото присуство, но дека таквата омраза нема да ни донесе ништо добро.
„Национализмот го има секаде и ние сме сведоци на тоа. Земете го пример последното случување во Битола, почнувајќи од самиот полицаец, завршувајќи со говорот на омраза што имавме прилика да го читаме и да се згрозиме од него, без разлика дали припаќам во ромската или друга етничка заедница, воопшто не е важно. Она што ние во Македонија милуваме е сè што е врзано со негативно да го врземе со етничка припадност. Не го гледаме делото што е направено туку кој го направил. Не е само Битола, вчера имав прилика по социјалните мрежи да видам за некоја кражба во Штип, колку дел од новинарите некогаш милуваат да спомнуваат во вакви случаи етничка припадност. Мислам дека омразата не носи добро на никого, нема да ни донесе ни нам“, вели Мухамет Точи.
Б. Ј.
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети