Зелен ЦИВИЛ ги праша граѓанките и граѓаните во Гевгелија и Неготино колку зелените вредности се негуваат во нивните општини, колку граѓаните се свесни за потребата од заштита на животната средина, што треба да се промени…
Жителите на овие две општини изразија незадоволство од општата сосотјба во контекст на зелените вредности со фокус на чистата средина на живеење, зеленилото, но и свеста кај луѓето за придонес кон заштита на животната средина и природата.
„Ми се допаѓа што се повеќе младите реагираат кога се врла ѓубре, кога се загадува околината. Постарите како да немаат интерес. И тука во Гевгелија, но и генерално во помалите места младите се многу активни во сочувување на околината“, смета еден од анкетираните граѓани.
„Немаме култура, цивилизација… гаси цигара и тука ја фрла, а корпата на два метри до него“, кратко одговори друг гевгеличанец.
„Кај нас многу тешко дека се почитува било што. И да има зеленило, тоа се уништува веднаш“, смета една граѓанка од Неготино
„Кај не се вреднуваат човековите вредности, а не пак зелените вредности. Кај нас е систем во распаѓање… Сето ова што го гледате е од претходниот систем, сега сме во раскол“, смета еден од анкетирните граѓани во Неготино.
„Потребен е поголем стандард на живеење, за да се почитуваат зелените вредности, инаку не правиме ништо“, смета друг граѓанин.
новинарка: Мелиса Муриќ
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети