Зелен ЦИВИЛ ги праша граѓанките и граѓаните во Велес и Кавадарци колку зелените вредности се негуваат во нивните општини, колку граѓаните се свесни за потребата од заштита на животната средина, што треба да се промени…
„Не се грижиме за зелените површини. Пред два месеци имаше некоја забава. Секој ќе помине ќе фрли по нешто и ќе си замине. Потоа никој не го собира и така си стои. Мислам дека свеста е премала во тој поглед, Треба да се промениме да одиме напред, ако сакаме да бидеме поцивилизирано општество“, смета еден кавадарчанец.
„Граѓаните немаат морал за да почитуваат. Канти на сите страни, тие фрлаат покрај нив“, разочарано одговара еден велешанец.
„Зелени вредности? Кај нас ништо не се почитува. Почнете од паркчето зад вас во која состојба е… Институциите се виновни. Ако воспоставаат ред, граѓанинот ќе почитува. Како стави ред за маските… “, смета една велешанка со која разговаравме на С’рмаале.
Спротивно од нејзиниот сограѓанин, една граѓанка од Кавадарци изјави: „Како што Кавадарци е чист и зелен град, ниту еден во државата не е“.
новинарка: Мелиса Муриќ
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети
Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.