Зелен ЦИВИЛ како дел од активностите во Зелениот караван денеска во просториите на Град Скопје оствари средба со градоначалникот Петре Шилегов.
Биљана Јордановска од ЦИВИЛ, го презентираше проектот „Зелените доаѓаат“, проектните активности и заложби за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, а ја најави и претстојната Конференција на наицонално ниво „Зелените доаѓаат“.
Со градоначалникот Петре Шилегов разговаравме за актуелните активности на Град Скопје во поглед на зелените иницијативи, за најавените проекти Зелен коридор на реките Серава и Лепенец, иницијативите и заложбите во борбата против аерозагадувањето, но и справувањето со лажните, вести, дезинформации и говорот на омраза како несакани инфилтратори во општествени теми што се од значаен интерес за граѓанките и граѓаните, како и нивното влијание во креирање на јавната свест за зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда.
Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.