Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците на конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“на ЦИВИЛ: зелени вредности, социјална правда и антинационализам, истакна дека во државава има добра легислатива, но дека се потфрлува во праксата во однос со помалубројните заедници, кои имаат свои предизвици за да си ги остварат своите права.
„Ние како држава во главно имаме добра легислатива но потфрлуваме во праксата, врзано со помалу бројните заедници кои имаат предизвиици да си ги остварат правата, правичната застапеност согласно последниот попис од 2002 година, оприлика се на половина од остварување од застапеност правична во институциите. Недостига наставен кадар во образованието, книги за учениците, медиумите кои продуцираат на јазиците на заедниците“, истакна Хоџиќ.
„Употреба на јазици и симболи отприлика има добра регулатива, имаме предизвици во смисла некои општиини дозволуваат на лист да се употребуваат јазициите, но во пракса им е потешко, одсно немааат можност да го спроведат тоа. Дополнителен проблем е големиот бран на иселување и немање на попис, иселувањето ги погодува помалу бројните заедници и местата каде живеат, се надеваме попис ќе има следната година, тоа се важни податоци“, додаде Хоџиќ.
Според Хоџиќ, проблемите со кои се соочуваат помалубројните заедници е политичката застапеност во Собранието и политичкиот живот и ќе треба да се бара некакво решение.
„Постои доза на оптимизам дека работите одат кон подобро во државата, кога прв пат добивме вето во 2008 нашете општество се сврте кон национализам, сега имаме едно сериозен напор на сегашната Влада да не дозволи на ширење на националистичка пропаганда“, додава Хоџиќ.
Тој додаде дека на Европско ниво кампањата за Зелените доаѓаат е важна, како одговор на националистичкиот популизам, кој зафаќа и дел од Европа.
„Тие закони кои се добри и ги гарантираат правата на помаубројните заедници да се имплементираат до крај, како и едно општество за сите, да се подобри образованието, медиуми кои продуцираат програма на јазиците и секако да се поддржи невладините орг на помалку број кој е специфичен“, додаде Хоџиќ.