Настани како калифорниските пожари, за жал се зголемуваат ширум светот. Екстремни временски феномени, големи бури, обилни врнежи а од друга страна: долги и погубни суши. Јасбев сосема шокирана оваа година кога дојдов во мај во Хамбург, мојот роден град и ја видов тревата во нашата градина!Целосно пожолтена, беше изгорена. Изгледаше како пустина. Не врнеше 3 месеци – за нас целосно непознато. Тоа е во Северна Германија, каде што вообичаено имаме најлоши врнежливи периоди на дожд во целата земја. А немаше дожд 3 месеци !! Можеме да замислиме како се тогаш условите во Африка, нели?“ истакна Марион Краске од Фондацијата Хајнрих Бел, директорка на регионалната канцеларија за БиХ, Северна Македонија и Албанија конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“на ЦИВИЛ: зелени вредности, социјална правда и антинационализам во организација на ЦИВИЛ.
Таа додава дека глобалното затоплување влијаат на сите нас и на целата планета, како што и луѓето придонесуваат за сите климатски промени.
„Што правиме на дневна основа? Ние произведуваме и користиме непотребно голема количина бензин, нафта, јаглен и природен гас што го гориме секој ден за да ги затоплиме нашите домови, да ги напојуваме нашите возила, да произведуваме стоки и да обезбедуваме електрична енергија. Ако ја користите апликацијата AIR Visual – можете да видите каде сме со овие активности… тоа е апликација за смог ширум светот. Сараево / Скопје се всушност во топ 10 на најзагадените метрополи ширум светот. Овој фосилен пристап не успеа бидејќи ние го уништуваме сопствениот простор за живеење. Всушност … Ние ги загрозуваме нашите животи – и оние на нашите деца“, истакна Марион Краске. Според неа одговорот на сето отва е зелена транзиција. „Но, зелената транзиција значи многу повеќе од само техничка промена од јаглен или нафта кон ветер или сонце. До обновливи извори на енергија. Тоа значи вистинска, сеопфатна промена во општото размислување. Зелено не значи ништо повеќе и ништо помалку од одржливо грижливо. Тоа значи: Грижа за нашите деца, грижа за следните генерации. Грижа за планетата“, додаде Марион Краске.
Тоа што нам ни треба е одржлив пристап во сите сегменти за да најдеме конкретни решенија за глобалниот предизвик што климатските промени го претставуваат: Креативен јавен превоз и паметни градови решенија · Промовирање на чиста, зелена енергија како замена за јаглен и нуклеарни централи (крајната цел е јасна – намалување на јаглерод) · Здрава храна, здрави животни · Економските цели се: Да се зголеми еколошка енергија · Со тоа: Креирање на нови зелени работни позиции · Борба со смогот – тесно поврзана со климатските промени.