Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

На Меѓународниот ден на толеранцијата, ЦИВИЛ повикува на почитување на различностите

16/11/2020
in АКТУЕЛНО
На Меѓународниот ден на толеранцијата, ЦИВИЛ повикува на почитување на различностите
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември, оваа година уште повеќе укажува колку на светот е потребнo заемно разбирање, соработка, почитување… потреба од посветеност и заедничко дејствување во надминување и на здравствената криза со Ковид-19.

Токму стравот, рестрикциите за заштита и безбедност на граѓаните, намерно или не, ги ставаат во опасност човековите права и слободи, што доведува до нетолеранција, омраза, дела од омраза, а неретко и насилство.

За жал, дури и во овие денови кога солидарноста и меѓусебното помагање и разбирање се повеќе од потребни, ние како општество, се соочуваме со секојдневен говор на омразата, со дискриминација, предрасуди и поделби, со повици на насилство и често кршење на човековите права и слободи низ целиот свет. Воените жаришта не стивнуваат, а трагедиите на бегалците не можат да се опишат со зборови.

Кога во 1996 година УНЕСКО го прогласи 16 ноември за Меѓународен ден на толеранцијата ги имаше предвид сите документи и меѓународни акти за заштита и почитување на човековите права и слободи, почнувајќи од Универзалната декларција за човекови права и конвенциите потпишани и прифатени од земјите членики на Обединетите нации.

Декларацијата за принципите на толеранцијата освен што повикува на јакнење на јавната свест за опасностите од нетолеранција, ги промовира и универзалните човекови права и слободи, почитување, прифаќање и уважување на различноста, волја и способност за обединување на различностите независно од политичките, верските, расните, сексуалните и други убедувања.

ЦИВИЛ ги препознава напорите и политичката волја да се изгради стратегијата „Едно општество за сите“, која во себе ги вградува Принципите на толеранцијата и ги повикува институциите на локално и национално ниво да преземат мерки и одговорност тие принципи, како и Стратегијата, во целост да ги применуваат во пракса. Посебно е важно да се напушти праксата на неказнивост за ширењето на омразата, како и делата сторени од омраза.

Граѓанките и граѓаните се повикани да негуваат взаемна солидарност, почит и разбирање, да ги почитуваат различностите во секојдневната комуникација и во воспитувањето на младите генерации.

Образовните и културните институции, медиумите и граѓанското општество се меѓу најповиканите да спроведат програми за едукација на младите генерации за потребата од изградба на толерантно, инклузивно и мирољубиво општество во кое се почитуваат различностите како квалитет и предност.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да се приклучат кон иницијативата „Обединети во различноста“, сите заедно да изградат општество во кое се почитуваат различностите и европските вредности.

ЦИВИЛ Тим за комуникација

This post is also available in: Albanian

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW