Илхан Рахман, заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците на конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ на ЦИВИЛза зелени вредности, социјална правда и антинационализам, истакна дека национализмот води до изолација, радикалистички движења, и дека приоритет на сегашната Влада е градење на едно општество за сите и отфрлања на сите радикални движења.
„Често национализмот носи говор на омраза, во нашиот систем се предвидени идеи за заштита од истиот, но, да се успее во борбата е потребна меѓуресорска соработка и меѓуинституционална. Обвинителството и народниот правобранител се важни органи, верувам дека со новиот Закон за антидискриминација ќе се донесе поголемо значење, очекувам за влијае позитивно“, додаде Рахман.
Рахман истакна дека борбата со лажните вести мора да се истера до крај и да се победи исто и со справувањето со национализмот, кој бара ангажман меѓу институциите. Рахман смета дека државата има напредок во таа област и дека очекува сите чинители да го дадат својот придонес и да се надмине таа појава.