Петрит Сарачини на конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ на ЦИВИЛ на тема зелени вредности, социјална правда и антинационализам истакна дека сите овие теми се поврзани и дека требаат комплексно да се опфатат.
Сарачини во однос на говорот на омраза истакна дека на таа тема треба да и се пристапи од повеќе чинители и дека не е доволно само од институциите.
„Оваа тема треба комплексно да ја опфатиме, да и се пристапи од повеќе чинители, не ни е доволно само од институции, треба од општеството, желбата не доаќа само од себе, туку е производ на некакви вредности. Треба да се вклучи граѓанскиот сектор, економскиот, образованието, за да имаме услови во кои граѓаните нема да бидат ставени во позиција да го унисштуваат своето оптшество, релациите со луѓето и средината“, истакна Сарачини.
Според Сарачини, за институционалната структура која се бави со вакви полемики, како Агенцијата за остварување на правата на заедниците и слични, недостигаат буџетски средства.
„За инстиуционлата структа која е поставена сега недостигаат средства, за акциите кои можат да направат промена, практичните кои би ги спроведувале овие агенции, инстицуии, кои се дел од таа структура, недостига буџетски линии кои ќе ги поттикнат овие работи“, додаде Сарачини.
Според него, медиумската комуникација е многу важна и соработката во повеќето кластери во општеството е важна.
„Медиумскиот комуникација е важна, соработката во повеќето кластери во опште е важна, омразата е намелена во медиумите, но е на социјалните мрежи, таму има култура на неказнивост, редовно добиваме од МВР дека тие ги процесираат случаите на говор на омраза, но во надлежните органи, не се отвораат постапка од правосудните органи. Таа култура на неказнивост мора да престане за ние како општество да функционираме подобро, да ги решиме овие проблеми“, додава Сарачини.
„Има начини како да се адресираат и регулираат, општеството и сите да поработат на овие прашања и доколку ние успееме да ги намалиме тензиите помеѓу различмите групи, ќе се рефлектира позитивно во аспект на институционално функционирање, амбиентот во кој живееме, образованието, здравствоо, се ќе се подобри ако имаме подобар амбиент за дијалот“, истакна Сарачини.