Денеска се навршуваат 20 години од одржувањето на манифестацијата „Рок за мир“ на 24 март 2001 година во организација на ЦИВИЛ, а во партнерство со Пакс Кристи Холандија, Нансен дијалог центар и други. ЦИВИЛ беше првата организација во земјата која од првиот ден на оружениот судир во земјата апелираше за мир и помирување и даде огромен придонес кон мировните напори и надминување на етнички мотивираното насилство.
На сцената на МКЦ таа вечер, во воената 2001-ва година, на сцената настапија девет најпознати македонски рок и поп состави, како Архангел, Бла-Бла, Санаториум, Суперхикс, Нон Стоп, ЛП, Гаро и Парамециум, Ласт Експедишн и Мозаик, како и норвешкиот бенд Кине.
Организацијата остана доследна на своите позиции во застапување и промоција на ненасилството и мирот, одбраната на човековите права и слободи, слободата и еднаквоста.
Организацијата го одбележа јубилејот скромни и работно, со пораката: „Нека им е честит јубилејот на сите учесници во овој голем и важен настан и на сите поддржувачи на мирот во нашата земја.“
ЦИВИЛ Тим за комуникации