Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Лабораторијата за животна средина се акредитираше за вода и бучава, тестирањето на воздухот се планира за понатаму

20/03/2021
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Лабораторијата за животна средина се акредитираше за вода и бучава, тестирањето на воздухот се планира за понатаму
Share on FacebookShare on Twitter

Централната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање се акредитираше за тестирање на шест методи за квалитет на вода и една за бучава. Министерот Насер Нуредини информираше дека вчера државната лабораторија официјално го добила сертификатот за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија од Институтот за акредитација.

Во наредните фази е планирана и акредитација на методи за квалитет на воздух, а во буџетот за годинава се обезбедени средства за набавка на инструмент за мерење на емисии од стационарни извори. Централната лабораторија за животна средина претходно доби уште еден инструмент Multi-wavelength Absorption Black-Carbon Instrument (MABI), кој ќе се користи за анализа на Black carbon во фракции на PM10, а министерот Нуредини информираше дека е во тек набавка на инструмент кој користи нуклеарни технологии за анализа на составот на ПМ честичките X-RayF.  Инструментот е испорачан од депото на Меѓународната агенција за атомска енергија IAEA од Виена, и се очекува да пристигне наредниот месец.

„Овој инструмент ќе се користи за анализа на концентрации на тешки метали во фракциите на PM10 честичките, што овозможува утврдување на главните сектори на загадување индустрија, транспорт, домаќинства или други. Овие анализи ќе овозможат да се направи приоретизација на мерките за намалување на аерозагадувањето“, посочи Нуредини.

Сепак, и покрај набавките на инструменти, лабораторијата се уште останува неакредитирана за мерења на загадувањето на воздухот, што е еден од најголемите проблеми со заштитата на животната средина во земјата. Акредитација на државната лабораторија за методи на мерење на загадувањето на воздухот бараа и граѓанските активисти на О2 Иницијатива. Тие минатата година поднесоа амандман на буџетот за годинава, што беше усвоен и за него беа предвидени два милиони денари во буџетот, кои подоцна беа пренаменети.

Акредитацијата на Централната лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот е една од најважните активности кои треба да бидат спроведени во институцијата. Лабораторијата е во составот на Министерството уште од неговото основање во 1995 година, но нејзините мерења на разни параметри на загадувањето досега не можат да се сметаат за цврст доказ посебно во судските постапки против загадувачите, заради што таа не е во функција на инспекцијата за животна средина. Загадувачите до денес се контролирани само преку приватни лаборатории, а државата е без независен инструмент со кој ќе спречи евентуални злоупотреби во процесот на мониторирање на загадувањето./META/

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW