ЦИВИЛ ќе одржи бесплатни вебинари за граѓанско новинарство и медиумска писменост на 19 и 20 март (петок и сабота) со почеток во 13 часот. Вебинарите ќе траат најдоцна до 17:30 часот.
Можност за учество имаат сите заинтересирани што сакаат да стекнат нови информации и вештини од областа на новинарството и мониторингот.
За учесниците на вебинарите ќе бидат обезбедени електронски Сертификати за успешно завршена обука, а добиваат и можност да се вклучат во проектите, иницијативите и активностите на ЦИВИЛ, како и во други организации и иницијативи на граѓанското општество.
Основи на новинарското известување, етика, лажни вести, хибридни закани и мониторинг на изборите и политичките процеси се дел од темите на вебинарот.
На програмата се презентации од Џабир Дерала, Сашо Орданоски, Петрит Сарачини, Зоран Иванов, Биљана Јордановска и Дехран Муратов. Не пропуштајте да се пријавите.
Заинтересираните треба да пополнат Апликација за учество која одзема максимум 1 минута.