Опцијата „Времеплов“ (Timelapse) на платформата „Google Earth“ овозможува да се види како планетат Земја се променила во временски период од 34 години.
Timelapse е глобално видео со зумирање што покажува како се менува нашата планета од 1984 година. Достапно за прв пат во Google Earth, корисниците сега можат да ги истражуваат сликите на 3Д-светот, давајќи им нова перспектива на промените на планетата. Од Гугл најавуваат дека опцијата „Времеплов“ ќе се ажурира секоја година за нејзиниот приказ да остане актуелен.