Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

„МојГрад“ – првата платформа за директна демократија и партиципативно одлучување

12/05/2021
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
„МојГрад“ – првата платформа за директна демократија и партиципативно одлучување
Share on FacebookShare on Twitter

Официјално денеска почна да функционира платформата „МојГрад“, како првa и единственa грасрутс алатка во Македонија за непосредна демократија и партиципативно одлучување. Преку механизмите на „МојГрад“, граѓаните за првпат добиваат можност да ги диктираат урбаните политики на локално ниво, и со тоа да го предизвикаат постоечкиот институционален систем во кој последниот збор го имаат партиските интереси.
Овој проект за радикална демократска иновација почнува од Скопје, чија еколошка и урбана реалност претставува секојдневен кошмар за неговите жители. Од денес, на веб-страницата mojgrad.mk, дизајнирана од авторот на МојВоздух и екоактивист Горјан Јовановски, скопјани ќе може да ги поднесуваат своите предлози за подобрување на животот во градот, меѓусебно да дебатираат за нив и да гласаат за тоа кој да оди на разгледување во Советот на Град Скопје. Меѓу првите предлози се тие за претворање на напуштениот објект Купрум во Хром во студентски град, изградба на парк на местото на Треска и чистење на градот од хаварисани возила.

Предлозите со најмногу гласови во својата оригинална форма до Советот од сега на секоја седница ќе бидат доставувани од страна на советничката и активистка за заштита на животни и животна средина, Драгана Велковска. Преку овој процес се гарантира константен канал за интеракција меѓу граѓаните и градот. Како членови на граѓанската коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, чија дигитална екстензија е токму платформата „МојГрад“, Драгана Велковска и Горјан Јовановски имаат за цел да промовираат нов начин на политичко дејствување, доведувајќи ги во прашање постоечките принципи на претставничка демократија и отфрлувајќи го партизмот како единствена форма на водење политика.

Според двајцата претставници на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, недостигот од демократски легитимитет и влијанието на крупните интереси е причината за сите блокади во остварувањето на јавниот интерес. „МојГрад“ има за цел да го адресира коренот на проблемот, прераснувајќи во вистинска виртуелна политичка заедница. Лансирањето на „МојГрад“ е почетокот на системска трансформација, која треба да стави крај на бирократијата и корупцијата, и на долг рок да овозможи целосно отворање на институциите за граѓаните.

govor
CIVICA
govor
CIVIL
CIVIL
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ

© 2022 GREENCIVIL