„Многу отворено ви кажувам дека и ние сме против нелегални депонии, а во цела Македонија сите депонии и градски и селски се без дозвола, немаат никакво одобрение, сите се диви… Во јануари 2018 година бевме повикани сите 80 градоначалници од премиерот и од министерот за животна средина во Клубот на пратеници и дискутиравме околу третирањето на сметот. Тогаш централната власт побара од нас да ги овластиме тие да го третираат сметот. Наша задча како локална самоуправа е да го собираме сметот, комуналниот, да го транспортираме, а останатиот дел да го преземе државата“, вели за ЦИВИЛ Медиа, градоначалникот на Струга, Рамис Мерко.
„Сите општини дадовме такви овластувања со донесување на одлуки од Советите, третирањето на сметот останува на централната власт. Краткорочно ние сметот го одржуваме, го систематизираме добро, да нема загадувања и тоа го правиме најсовесно и најодговорно.
А останатиот дел каде ќе бидат регионалните депонии останува на Министерството за животна средина и на Владата. Знам дека работат, бидејќи не се направи регионалната депонија за југо-западниот регион во Општина Дебарца, сега работат тоа да биде во Општина Могила. Ние ќе прифатиме било каде да се направи и ќе се усогласиме во целост и се надеваме дека еден ден и тоа што побрзо да преземат мерки централната власт за оваа депонија да се премести на друго место“, истакна Мерко.
Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски