Огромна количина отпаден материјал во речните корита во град Куманово. Несовесни граѓани фрлаат различни отпадоци и со тоа ја загадуваат река Кумановка.
Екипата на ЦИВИЛ Медиа направи обиколка околу Куманово и она што го забележа е дека градските комунални служби постојано ги чистат дивите депонии во и околу градот, но очигледно не може да исчистат толку колку што граѓаните може да фрлаат ѓубре.
Градоначалникoт на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во разговор за ЦИВИЛ Медиа уште во август 2018 година вети дека ќе се обиде да ги одржуваат чисти речните корита и да го намалат загадувањето…“
„Во минатото имавме зелена култура, садевме нови садници, пошумувавме, се грижевме за загадувањето… но, сега состојбата е поинаква и ќе се обидеме во овој период да го промениме тоа. Почнавме со реализација на проектот „Засади живот за живот“. Секое новороденче во Куманово, добива една садница и неговото семејство ја негува таа садница, како што го негува новороденчето.
Спроведуваме еколошки акции, чистење на диви депонии, озеленување со нови зелени површини… Морам да констатирам дека културата ни е на многу ниско ниво и ќе мора да направиме многу повеќе во делот на едукација. Онаа што го имаме да го сочуваме бидејќи човекот е најголемиот загадувач во општеството, да се обидеме тоа да го сведеме на минимум, а културата да ја издигнеме на највисоко ниво. Општината, пак, да постави доволно урбана опрема, како што денеска седиме, оваа канта што ја гледаме зад нас, да биде полна со отпадоци, но не и околу неа…, истакна Димитриевски зборувајќи за степенот на еколошка култура и свесност и промените што се потребни за одржување и заштита на животната средина.
Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети