На дебата на ЦИВИЛ, кандидатите за градоначалник зборуваат за зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда. Тие ветија дека ќе водат фер и демократска кампања.
Дали, како и за кои зелени вредности ќе се залагаат? Кои се најголеми предизвици за зелената агенда во нивната општина? Дали имаат зелена стратегија? Дали се залагаат и на кој начин, за зелени работни места, одржлива енергија, менаџмент на отпадот и зелена едукација на локално ниво?
На кој начин ќе се спротивставуват на национализмот и како ќе се залагаат за почитување на мултикултурализмот и почитувањето на различностите?
Како ќе спроведат правична застапеност во институциите, практики за заштита од дискриминација во институциите, училиштата и во јавниот простор?
Кои се заложбите во сферата на социјалната правда?, се дел од прашањата на кои одговараат кандидатите за градоначалник.
Дебатата е дел од проектот „Зелено општество за сите“ кој го спроведува организациската единица ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.
Со проектот „Зелено општество за сите“, ЦИВИЛ ја продолжува промоцијата на идеите за меѓусебната поврзаност на зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда, особено во контекст на креирање локални политики и практики со вистинска грижа за интересите на граѓанките и граѓаните на локално ниво.
Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети