„Како прв приоритет ние како здружение за рак против дојка „Борка“ сметаме дека редно време е да се отвори еден дневен центар за помош и поддршка на пациенти кои се заболени од рак. Постојат многу здруженија кои ние им помагаме на секаков начин на овие пациенти, меѓутоа сметаме дека таа помош треба да биде надвор од Онкологија, надвор од болниците и да добијат соодветна психо-социјална помош затоа што сепак болеста физички ќе се излечи, но психата е нешто што останува и исто така треба да се лекува“, вели Биба Додева од здружението „Борка“, на прашањето на ЦИВИЛ – Кои се 5-те прашања што Општината треба да ги реши.
„Исто така сметаме дека Градот Скопје на овие болни може да им овозможи да добијат бесплатен превоз, до Хематологија и назад. Градот ги има таксистите и тоа нема да биде некој голем залак за нив, но ќе значи многу за овие лица“, вели таа.
Додева апелира до сите градоначалници да овозможат граѓаните да дишат чист воздух и да ги викаат македонските музичари да настапуваат.
Текст и монтажа: Дехран Муратов
камера: Игор Чадиноски