Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Поцков: И на овие избори настапувам со истата агенда, одржлив економски развој на Гевгелија

29/09/2021
in ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ, ИНТЕРВЈУ
Поцков: И на овие избори настапувам со истата агенда, одржлив економски развој на Гевгелија
Share on FacebookShare on Twitter

„Би рекол дека и во 2017 настапив со агендата модерна зелена и европска Гевгелија, и со таа програма победив на изборите. Мандатот што сега го барам, е за да ги завршам отпочнатите проекти токму во дел од таа област.“, изјави актуелниот градоначалник и кандидат на локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври, на панелот на ЦИВИЛ во Гевгелија.

https://www.youtube.com/watch?v=Qm5n0PVwIXs

„Уште од моето доаѓање на позицијата градоначалник, моите залагања беа за одржлив економски еколошки развој. Зелена агенда не значи само зеленило во градот, кажано е дека 21 век ќе биде во знакот на борба за квалитетен живот. Ако во деведесеттите години во Македонија беше важно дали ќе има плата на први, дали фирмите ќе одат под стечај, тоа е веќе минато, а дваесет и првиот век е век на квалитетен живот, и треба да се овозможат сите овие предуслови.“, вели Поцков.

Во однос на инвестициите во Општина Гевгелија за време на неговиот мандат како градоначалник, тој ги посочи трите најголеми проекти, како што е прочистителната станица, новата времена депонија и новиот водовод необременет со арсен.

„Гевгелија ги направи сите три крупни инвестициски проекти кои за време на мојот мандат се завршија. Имаме нова прочистителна станица, нова времена депонија, и нов водовод, необременет со арсен,  и тоа ја прави Гевгелија една од најпримамливите општини за инвестирање. Бенефитот од овие три крупни инвестиции треба да го очекуваме во иднина.

И овој пат настапувам со истата агенда, не е ништо сменето, очекувам да ги заокружам започнатите процеси, да се заокружи ТИРЗ зоната, сиот локален економски развој, за да може да се отворат нови работни места во Гевгелија, и да ги задржиме младите да немаат илузии или желби да заминуваат во странство.“, посочи Поцков.

Поцков вели дека е за децентрализација, односно дека центарот за социјални работи во Гевгелија треба да биде под општинско раководење.

Што се однесува до влијанието од КОВИД-19 на економско ниво, Поцков вели дека општината имала загуба од околу 85 000 евра, намалување цени на комунални такси, за издвојување на детската градинка која се самофинансира од сметките, односно месечните уплати, итн.

И покрај тешкотиите, Поцков вели дека 2019 и 2020 година биле најуспешните години за извршување на буџетот на Општина Гевгелија, што го смета за свој адут на претстојните локални избори.

Дијана Тахири

Камера: Дехран Муратов

 

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW