„Секој граѓанин сака да е безбеден, да живее во чиста и здрава животна средина, секој граѓанин да си ги знае правата како потрошувач, што платил, а што добил за возврат од данокот што го дава…“, вели еден граѓанин на прашањето на ЦИВИЛ – Кои се петте најголеми проблеми во вашата општина?
„Од градоначалниците би очекувал да го решат проблемот со загадувањето на воздухот, особено во зимскиот период, да ја решат гужвата во сообраќајот, да направат подобра организација на јавниот градски сообраќај и да има поголема контрола, да им се дадат можности на велосипедистите и еко тротинетите, да и се застане на патот на градежната мафија и да се направи нешто во однос на културата“, вели еден граѓанин.
„Најмногу треба да се посвети внимание на животна средина, урбанизам и градежништво, инфраструктурно поврзување на градот и нормализирање на сообраќајот со ослободување на сите јавни површини од паркирани возила, градежни материјали, шут, итн“, истакна еден граѓанин.
„Скопје како метропола на државата треба да ја среди инфраструктурата, бидејќи сообраќајот е лош во градот. Треба некој да го стави под контрола неконтролираното градење, и паралелно на тоа да мисли на децата каде ќе учат, бидејќи ако веќе има станбени блокови и огромни места за живеење покрај нив треба да има градинки, училишта и паркови“, потенцира еден граѓанин.
Еден од проблемите е и да се креираат локални политики како да ги задржат младите во државата и да им овозможат поголемо учество во локалните самоуправи.
текст и монтажа: Дехран Муратов
камера: Игор Чадиноски