Со кандидатите за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска од Зелен хуман град, Арбен Шаќири од коалицијата „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ, и Петре Шилегов од коалицијата предводена од СДСМ, разговараме за прашања од зелената агенда.
Ги прашавме кандидатите Шилегов, Шаќири и Петровска, дали, како и за кои зелени вредности се залагаат?
Да одговорат на ова прашање на ЦИВИЛ Медиа беа поканети и други кандидати за градоначалник на Скопје, но тие, од разни прични, не беа во можност да се одговорат на нашата покана.
Дебатата е дел од проектот „Зелено општество за сите“ кој го спроведува организациската единица ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.
Со проектот „Зелено општество за сите“, ЦИВИЛ ја продолжува промоцијата на идеите за меѓусебната поврзаност на зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда, особено во контекст на креирање локални политики и практики со вистинска грижа за интересите на граѓанките и граѓаните на локално ниво.
Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.