Слаѓан Пенев, од организацијата ФОРУМ, ЦСР, во своето обраќање на конференцијата „Зелено општество за сите“, се осврна на заложбите на неговата организација за промена на менталитетот , кој има инпут кај граѓаните, но помалку кај власта, особено кај локалната самоуправа.
Останавме да ги потсетуваме новите власти на зелените вредности, за жал многу наши соборци разочараа.
Во југоисточна македонија , власта ја добија со заложбите против рудниците, но рудниците останаа, се плашам дека и новата власт ќе биде во коалиција со сопствениците на рудниците.
Администрацијата на град Скопје, многу работи за кои се залагавме, затворање депонии, да не се градат нови згради, нови дупови, тука потфрлија.
Меѓу двата круга, Жилегов имаше добра најава дека со следниот ГУП ќе се потруди да ги дислоцира УСЈЕ и Железара, но колку од тоа ќе поверуваат гласачите.
Многу лошо се изменаџира најавата за отварање една регионална депонија, и покрај подршката од ЕУ, многу лошо се презентира во јавноста
Граѓаните немаат доверба дека депониите ќе бидат по светски стандарди, туку ќе се гори опасен отпад
Лекциите не се научија, сите недоследности на владеачката гарнитура на локално ниво ги чинеше губење на многу гласови. Истите кои се бореа против сечата на дрвјата, сега го прават тоа, се исекоа многу дрвореди во скопје, Бутел , Чаир.
Еколошката агенда треба да биде на прво место.
This post is also available in: English