Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Зелен поимник: Што е зелена политика?

28/05/2022
in АКТУЕЛНО, ЕДУКАЦИЈА, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Зелен поимник: Што е зелена политика?
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако на  политиката гледаме на како уметност на управување со државата или заедницата, тогаш „зелената политика“ би била предизвик за постојниот политички, социјален, економски и научен консензус, кој доминира  во последните 200-300 години, од времето на просветителството, а кој не доведе таму каде што сме сега.“ – Andrew Dobson („Green Political Thought“)

подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА

Општоприфатена дефиниција е дека поимот политика подразбира дејност, која е насочена кон осмислување, организирање, водење и регулирање на заедничкиот живот на луѓето, во склад со нивните потреби, интереси, претстави, цели и средства во определена заедница (најчесто во државата), со согласност или без согласност (со потчинување) на сите.

 

Политиката има карактер на повеќезначна појава (во контекст на државата), која низ историските етапи ја менувала својата форма и содржина: политиката како „уметност на владеење“, политиката како водење на јавни работи, политиката како средство за решавање на конфликти, политиката како остварување на моќ, односно располагање со општествените ресурси.

Нејзината елементарната поделба најчесто се однесува на: внатрешна и надворешна, како и на: економска, финансиска, социјална, културна, образовна, научно-техничка, здравствена итн.

Веќе неколку децении живееме во ера на големи промени. Јасно е дека сè уште актуелната политика (во голем дел од светот) на човештвото кон природата е неодржлива.

Се поставува прашањето – како да се реши оваа неодржливост на живеењето со ваква економска експанзија? Како да се промени ова индустриско, потрошувачко, материјалистичко општество кое ја експлоатира и деградира Земјата? Како да се замени со поинаков социо-економски и политички поредок? Кој ќе овозможи похуман и поодржлив соживот помеѓу  луѓето и природата?

Сознанието, а со тоа и развојот на свеста за сериозноста на повеќеслојните и сложени проблеми поврзани со опстанокот на човечкиот вид што датира од 60-тите години на минатиот век, ја наметнува потребата од воведување на радикални промени во човечкото однесување кон животната средина, но и менување на научниот пристап (од еколошки аспект) во економијата, етиката, правото, биологијата, екологијата…

Како одговор на потребата за интервенција во политичкиот дискурс, се појавува нова алтернативна политичка идеологија, позната како Зелена политика.

Тоа што ја разликува од другите политички насоки е холистичкиот пристап кон сите прашања. Било да се тоа социјални, родови, работни  или, на пример еколошки, проблемите нужно се разгледаат преку сеопфатна анализа, во даден не-универзален контекст и соодветно на тоа се решаваат.

Green New Deal demo, Detroit, 31 July 2019 | Becker1999 from Grove City, OH, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Зелената политика (или еко-политиката) нуди решенија за имплементација на еколошки одржливо општество, втемелено во животната средина, во амбиент на ненасилство, социјална и еколошка правда, почитување на човековото достоинство и човековите права, слобода, еднаквост, владеење на правото, недискриминација, антинационализам, економска, социјална и еколошка благосостојба, почитување на различностите, базната и партиципативна демократија.

Како идеологија таа се оформува во 70-тите години од минатиот век, во западниот свет, а наоѓа своја практична реализација во тогашните граѓански  движења.

Некои од граѓанските движења (како резултат на политичкиот подоцна прераснуваат во силни граѓански организации, кои делуваат вон политичките структури на моќта. Речиси во исто време, се појавуваат и првите зелени политички партии, кои се залагаат за определбите на ненасилство и мир, во согласност со постулатите на зелените политики.

Во современите општества, во агендите на политичките партии што се декларираат како зелени, се промовираат подинамични и понепосредни активности (во рамките на локалната самоуправа) за соработка и вклучување на граѓаните, со цел поуспешно спроведување на зелените политики.

—

Линкови:

https://hrcak.srce.hr/index.php?show=clanak&id_clanak_jezik=205684&lang=en

http://www.effect.hr/index2022.html?option=com_content&view=article&id=1113:politika-pojam-smisao-potreba&catid=45:politika&Itemid=102

https://hr.google-info.org/299109/1/zelena-politika.html

https://ba.boell.org/sites/default/files/uvod_u_zelenu_politiku.pdf

https://sh.wikipedia.org/wiki/Zelena_politika

https://wikiqube.net/wiki/Green_politics

https://www.igi-global.com/infosci-ondemand/search/?p=green%20policy&pg=1

This post is also available in: English

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW