Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home СТАВ

Слободата на Украина значи слобода на Европа и светот

15/02/2022
in СТАВ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Слободата на Украина значи слобода на Европа и светот
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Самостојноста, сувереноста и мирот на Украина се во интерес на Европа и на светот. Ова е време кога македонските граѓанки и граѓани имаат морална и човечка обврска да ја искажат својата солидарност и поддршка за пријателска Украина. Најмалку што може секој од нас да стори е да ги отфрли дезинформациите и пропагандата против сувереноста и слободата на Украина. Слободата на Украина значи слобода и на Европа и во светот.

Богата и разновидна соработка и размена

Украина, 24 пати поголема и со 20 пати поголемо население од Северна Македонија, секогаш беше тука, на рамноправни и пријателски основи, да биде ненаметлив, а значаен партнер. Соработката и поддршката меѓу украинската и македонската држава е повеќеслојна и богата. За да се стекне макар и основна претстава за разновидноста и богатството на македонско-украинската соработка, може да се прочита и интервјуто со украинската амбасадорка, Наталија Задорожњук.

Економија, трговија и бизнис, култура и уметност, образование и наука, здравство, воено-техничка соработка, туризам – практично нема област во која соработката и размената со оваа голема и богата земја не е развиена. И сето тоа се спроведува без помпезност и засновано на принципите на меѓусебното почитување, рамноправност и пријателство.

Пријателство

Украина е голем пријател на Северна Македонија. Близината меѓу двете држави се градеше од самите почетоци на нивната самостојност, а официјално, дипломатските односи меѓу двете земји се воспоставија во 1995 година. Иако и двете земји имаат турбулентна политичка реалност од првиот ден од осамостојувањето, Северна Македонија од СФРЈ, Украина од СССР, двете држави ја препознаваат потребата од зближување и блиска соработка.

Меѓудржавни договори и соработка

Така, на официјални меѓудржавни нивоа, Северна Македонија и Украина имаат постигнато 48 договори за соработка, партнерства и поддршка, практично во сите области во кои може да соработуваат две држави. Економската и трговската соработка е плодна и датира од самите почетоци, дури и пред воспоставувањето дипломатски односи. Во областа на туризмот, културата, уметноста, образованието и науката, се спроведоа и сè уште се спроведуваат голем број проекти, размена и поддршка меѓу низа различни институции, здруженија, мрежи и тимови од двете земји.

Двете земји постигнаа низа договори за соработка и доменот на правните, даночните, архивските и низа други регулативи за олеснување на соработката на правните и приватните лица, како и институциите и стопанските субјекти. Тука спаѓаат и техничките регулативи и потрошувачки политики во областа на правата на потрошувачите. Понатаму, постигнати се договори и постои соработка во сферата на заштитата на животната средина.

Соработката во областа на здравството е видлива и долгорочна. Во нив спаѓа и соработката меѓу двете земји во областа на борбата против канцерот.

Заеднички евроатлантски интеграциски процеси

Во поглед на националните стратешки интереси, двете земји се посветени на евроатлантските интеграции. Северна Македонија и Украина соработуваат во процесите за интеграција во ЕУ и НАТО, а повеќе од 20 години е стара и воената и воено-техничката соработка меѓу двете земји.

Украина како општество, без оглед на бројните предизвици на внатрешен план, покажала и докажала дека е мирољубива земја која негува добри и пријателски односи со сите земји во своето опкружување и во светот.

Развојот, стабилноста, мирот и слободата се во интерес на сите

Затоа, дури и оние што се сомневаат во идеите за мир и слобода за сите нации во светот, па го гледаат само сопствениот и интересот на својата заедница, ќе согледаат дека развојот, стабилноста, мирот и слободата на Украина е и нивен интерес. Само во мирни, стабилни и слободни држави има перспективи за работа, развој и подобрување на стандардот. Конфликтите и војните носат немаштија, глад, болести, страдања и смрт.

Во денешниот свет на глобални комуникации и меѓусебна зависност на државите, стопанствата и заедниците, воена агресија на само 1.000 километри оддалеченост може да биде тежок удар за секого и во нашата земја и во земјите во регионот, Европа и светот.

Оттаму, самиот наслов на овој текст не е празна парола, туку е точна констатација. Слободата и мирот за Украина навистина значат слобода и мир за сите во регионот, во Европа и во светот.

 

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW