Во тек е онлајн настанот на тема „Циркуларна економија: Потенцијали и предизвици за идните генерации“ на кој учествуваат лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, претставничката на експертската заедница, д-р Ивана Лозановска и претседателот на Цивил, Џабир Дерала. Модераторка на настанот е Биљана Јордановска.
Што е циркуларна економија, колку е применлива во националните и локалните економии, особено ако се работи за сиромашни земји, колку е можна во контекст на руската агресија врз Украина и други економски, воени, политички и други услови се дел од прашањата на кои разговараат учесниците не настанот.
Настанот е дел од Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан која се одржува од 23 до 27 мај низ целиот регион на Западен Балкан.
Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан е првата регионална иницијатива која обединува различни актери низ Западен Балкан. Фокусот на оваа иницијатива е на циркуларната економија и одржливиот развој и е организирана од членовите на заедницата LogEx од целиот регион, по иницијатива на организацијата Балкански форум од Косово.