„Мораме да соработуваме, за да успееме. Клучот е во партнерствата, во сојузништвата. Во услови на ризици од глобален немир, мораме да се здружуваме и да создаваме платформи, соработки и партнерства кои емитуваат регионален мир, стабилност, предвидливост“, истакна поранешниот премиер Зоран Заев на Сараево Бизнис Форумот.
Заев нагласи дека за да ги донесеме големите играчи треба и ние да играме поголема игра затоа што Западен Балкан има огромни потенцијали за создавање енергија од обновливи извори на енергија.
„Време е регионот да си го „спакуваме” и како инвестициски потенцијал. За да ги донесеме големите играчи треба да и ние да играме поголема игра. Западен Балкан има огромни потенцијали за создавање енергија од обновливи извори на енергија, имаме многу сонце, ветер и вода. Тоа подразбира инвестиции во големи стратешки и инфраструктурни проекти, а денес тоа го можат големи и глобални инвеститори. Нашите држави може да се конкурентни за вакви проекти само ако се здружиме и ако настапуваме како регион. На тој начин недостатоците ќе исчезнат, придобивките ќе пораснат“, истакна Заев.
This post is also available in: English