„Општина Куманово секоја година издвојува повеќе од 20 милиони денари буџетски средства за унапредување и заштита на животната средина. Во тој поглед Секторот се спроведуваат повеќе активности. Изготвивме регистар на загадувачи, Стратегија за амбиентен воздух, набавивме 6 мерни инструменти за мониторирање на загадување на воздухот, со сопствени средства набавивме полуподземни контејнери, а во моментот се очекува донесување на Локален акционен еколошки план. Со него се обидуваме да ги согледаме сите постојни аномалии за да можат во иднина да се исправат и граѓаните да добијат поквалитетен живот во општината“, изјави Лидија Ланг Спасовска, раководителка на Секторот за заштита на животната средина и природа во Општина Куманово во разговор со Грин ЦИВИЛ на тема зелени политики на локално ниво.
„Во иднина во согласност со усвоената порграма ќе спроведеме постапки за изготвување на програма за енергетска ефикасност, заштита на ерозивни подрачја, како и Зелен катастар. На терен се уредуваат паркови, стариот Градски парк, кој во иднина ќе прерасне во современ, смарт парк“, вели Ланг Спасовска.
Што се однесува за свеста на граѓаните во заштита на животната средина, Ланг Спасовска вели дека се работи со младите генерации во едукација на рециклирање, селектирање на отпад, почитување на животна средина.
„Во таа насока добор соработуваме со граѓанскиот сектор. Се надеваме дека во идина сите наши планови и стратегии ќе вродат со плод и ќе одбиеме поубав и почист град за живеење“, изјави Ланг Спасовска.
Б. Јордановска
камера: Дехран Муратов