Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ИЗЈАВИ

Нуредини: Од мерката за наплата на биоразградливите кеси се собрани 750.000 евра што ќе се вложат во селекција на отпадот

18/08/2022
in ЕКОЛОГИЈА, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ, ИЗЈАВИ
Нуредини: Би било срамно да се блокираат проектите што се во интерес на сите граѓани
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, во интервју за медиумската платформа на Цивил, меѓу другото открива дека се собрани околу 750.000 евра од наплата на кесите, по забраната за употреба на пластички кеси во трговијата. Забраната на пластичните кеси е воведена на 1 декември 2021 година, со одлука на Владата, според принципот „загадувачот плаќа“.

 

Тие средства, според министерот Нуредини, ќе се вратат кај граѓанките и граѓаните преку инвестирање во селекција на отпадот.

На забелешката дека не се забележува напредок во спроведувањето на активностите за селекција на отпадот, министерот Нуредини се согласува дека се доцни.

„За жал, работите не се одвиваа како што ги замислив кога прв пат дојдов, или како што владата планираше. Поминавме низ пандемија, поминавме низ криза, енергетска криза, а сега тука е и прашањето со храната. Но, оваа година започнуваме. Законот е во парламент. Очекуваме законот да помине наскоро. Мислам дека нема ниту еден пратеник кој би сакал да блокира еден ваков важен проект, кога зборуваме за тоа да имаме почиста животна средина и конечно да се реши прашањето со управување со отпадот“ – рече министерот Нуредини во интервјуто.

Но, како и по низа други прашања, министерот изрази оптимизам дека селекцијата на отпадот ќе стане видлива пракса во земјата, за што се обезбедени и средства.

„Сега имаме и финансиски средства од надоместот што го воведовме за пластичните кеси, затоа што идејата беше да се примени принципот „загадувачот плаќа“. Затоа што пластичните кеси ја загадуваат почвата. И остануваат таму стотици години. Потоа ја загадуваат подземната вода која што ја пиеме. Од таму собравме околу 750.000 евра помалку или повеќе, што ќе ги вратиме назад на граѓаните, затоа што ќе купуваме вакви контејнери за нашите граѓани. А потоа нам ќе ни биде редот како граѓани да почнеме да го селектираме нашиот отпад“ – изјави Нуредини.

Министерот Нуредини тврди дека оваа операција ќе даде видливи резултати веќе до крајот на оваа година.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW