Во организација на Одделението за превенција во СВР Скопје на Природно-математичкиот факултет во Скопје, беше одржана трибина на тема „Значењето на превенцијата за справување со пожари на отворено во летниот период“.
Основна цел на овие превентивни активности се заштита и зачувување на шумските и останати површини од пожари, заштита на земјоделско земјиште, ливади, пасишта од пожари, подигање на свеста на граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните и градење партнерство. На трибината присуствуваа претставници на ЈП „Национални шуми“, претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, претставници на Шумска полиција, претставници од Противпожарната бригада на град Скопје, професори и студенти на Шумарскиот и Природно-математички факултет. Тие земаа активно учество на трибината со свое видување за значењето на превенцијата на пожари и можноста на нејзино кординирано применување на сите институци со вклучување на заедницата. Оваа трибина е дел од активностите на Одделението за превенција на СВР Скопје, кои ќе продолжат во текот на летниот период на локации на излезите на магистралните и регионалните патишта, како места со голема фрекфенција на возила и луѓе на подрачјето на СВР Скопје.