Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Зелен поимник: Движење за конзервација

28/06/2022
in АКТУЕЛНО, ЕДУКАЦИЈА, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
ЦИВИЛ со „Зелена иднина“ во Гостивар
Share on FacebookShare on Twitter

Хармонијата која била присутна низ подолг период од историјата на релација човек – природа,  ја пореметил самиот човек со неконтролираниот урбан и индустриски развој, насочен кон неограничено акумулирање на добра и профит. Со безумното и прекумерно девастирање на биосферта, директно се загрозувал опстанокот на човечката популација, но и на останатиот жив свет.

Во шеесеттите години на минатиот век почнала да се буди свеста на луѓето (најмногу во економски развиените земји) за последиците од таквото општествено однесување, кои предизвикале висок степен на загрозеност на природата. Благодарение на разбудената свест се појавиле нови идеи и се усвоиле нови вредности,  кои им се спротивставиле  на негативните тенденции што се случувале во социосферата на човековата животна средина.

Речиси истовремено, почнало да преовладува општото мислење дека политичките партии и државните управи од различни видови, не можат во доволна мера да одговорат на настанатите предизвици и да го заштитат фундаменталното човеково право, правото на здрава животна средина. Од тие причини граѓаните почнале да се организираат во општествени групи, кои континуирано растеле и се развивале во еколошки општествени организации.

Со зголемената свесност за сериозноста на последиците од уништувањето на природните ресурси, како и потребата за самоорганизирано делување во насока на нивна заштита, се создале  реални предуслови за основање на еколошките движења.

Заедно со другите алтернативни движења, во шеесеттите години од минатиот век, еколошките движења доживеале ненадејна експанзија (иако нивните зачетоци може да се најдат уште во XIX век). Тогаш се појавило и протоеколошкото движење, познато како движење за конзервација (Сonservation movement, Nature conservation).

Движењето за конзервација, е познато и како движење за зачувување на природата е политичко, еколошко и социјално движење, кое се обидува да ги заштити природните ресурси и да управува со нив, вклучувајќи ги животинските и растителните видови, како и нивните живеалишта. Идејата на конзерваторите се состоела во водење на грижа за зачувување на природата, која ќе биде оставена (како наследство за идните генерации) во подобра состојба од онаа во која што се наоѓала.

Конзервацијата која се темелела на доказ, настојувала да ги искористи висококвалитетните научни докази за што поефикасно спроведување на напорите за заштита на природата.

Раното движење за конзервација се развило поради  неопходноста  за зачувување на природните ресурси како што се: рибарството, дивите животни, водата, почвата, шумите, како и одржливост на шумарството.

За разлика од раното движење, современото движење за конзервација ја проширило сферата на делување, особено на одржливоста при искористувањето на природните ресурси и заштитата на дивите области, со цел – зачувување на биодиверзитетот.

Движењата за конзервација ги немале особеностите и формата на делување кои се карактеристични  за општествените движења, но сепак, со промовирањето на своите идеи и вредности, успеале да се спротивстават на неповолните општествени текови. Од нив подоцна ќе се искристализираат вистинските еколошки движења.

Движењата за конзервација, за разлика од социјалните движења, имале “ограничен дискурс”. Во нивните идеи тие ја прославувале природата “по себе” и не можеле пошироко да нурнат во општествени причини и последици за  уништувањето на животната средина.

Недостатокот на нивните активности се гледа во тоа што биле краткорочни и прагматични, користеле конвенционални политички методи и имале олигархиска организациска структура.

Сепак, гледајќи наназад низ историјата, тие постигнале определени успеси со своите активности. На пример, во 1872 година, во американската држава Вајоминг, Националниот парк Јелоустоун (Yellowstone National Park),бил прогласен прв национален парк во светот.

Кога Теодор Рузвелт ја преземал функцијата претседател на САД, во 1901 година, успеал да го убеди Конгресот да донесе неколку конзерваторски закони.

Општествените и политичките движења претставуваат значаен општествен феномен, бидејќи резултираат со масовна политичка мобилизација на активистите, следбениците и обичните граѓани, кои можат да извршат квалитетен притисок врз институциите на системот, се со цел благосостојба и достоинствен живот за сите.

 

подготви: Наташа Малинка Миновска


Линкови:

https://hr.upwiki.one/wiki/Conservation_movement

https://sr.wikipedia.org/wiki/Ekolo%C5%A1ki_pokret

https://bahasa.wiki/bs/Historic_preservationis

https://ssir.org/articles/entry/a_social_movement_for_conservation

https://en.wikipedia.org/wiki/Conservation_movement

https://prezi.com/bweq0ivobyrw/ekoloski-pokreti-kod-nas-i-u-svijetu/

 

 

 

 

This post is also available in: AlbanianEnglish

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW