Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЕДУКАЦИЈА

Зелен поимник: Еколошка деградација

22/06/2022
in ЕДУКАЦИЈА, ЕКОЛОГИЈА, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Зелен поимник: Еколошка деградација
Share on FacebookShare on Twitter

Како човечки суштества, сите ние сме неразделен и комплексен дел од природата на нашата планета Земја. Егзистираме искористувајќи ги ресуесите што таа ни ги обезбедува – воздух, вода, земја, храна. Нашиот начин, односно  стил на живеење треба да подразбира усогласеност со законите кои владеат во природата. Секое нарушување на тој однос и нанесува штета на животната средина, која пак директно влијае на сите нас и предизвикува страдање.

Во текот на историјата, човековата активност не влијаела значително на животната средина, сè до развојот на индустријата и технологијата. Првите промени предизвикани од човекот се должат на неговата физичка активност и физиолошките потреби. Но, со создавањето и развитокот и  на општествените заедници, започнува  влијанието врз животната средина во значителен обем.

Ерата на напредни технологии и економии во која живееме, наметнува модел на општествено односување,  кој е базиран врз принципите на максимално зголемување на профитот  и потрошувачката. Во таа смисла се креира и антропоцентричниот став, кој создава илузијата дека човекот е надмоќен во однос на природата.

Со неверојатниот пораст на населението, побарувачката на природните  ресурси и интересот за намалување на трошоците се повеќе се претвораат во експлоатација и  уништување на природните екосистеми, но и акумулација на отпад.

Во текот на минатиот век, а особено во текот на последните педесет години, луѓето имаат извршено значајни промени и  огромни негативни влијанија во рамките на животната средина, на глобално ниво.

Прекумерното  пореметување, секоја штетна и непосакувана промена или нарушување и видоизменување на животната средина, преку исцрпување на ресурсите, како што се: воздухот, водата и квалитетот на почвата,а  кое предизвикува  уништување на екосистемите и природните  живеалиштата, изумирање на некои видови  диви животни и загадување, може да се дефинира како деградацијата на животната средина. Едноставно кажано, кога природните живеалишта се уништени или природните ресурси се исцрпени, животната средина е деградирана.

Меѓународната стратегија за намалување на катастрофите на Обединетите нации ја дефинира деградацијата на животната средина како “намалување на способноста на животната средина да ги исполни социјалните и еколошките цели и потреби“.

Еколошката деградацијата се јавува во многу различни облици, а со себе ги носи последиците од: губењето на биодиверзитетот, недостаток на вода за пиење, климатските и температурните промени, климатските промени и врнежите, порастот на населението, земјоделството, управувањето со вода.

Сите овие предизвици со кои се соочуваат современите цивилизации, во крајна линија имплицираат сериозни нарушувања на здравјето кај луѓето, но и сериозен економски пад на општествата.

Напорите за борба против еколошката деградација вклучуваат заштита на животната средина и управување со еколошките ресурси, преку креирање и спроведување на корисни политики од старна на владите во државите, како и континуирано едуцирање на населението за подигнување на еколошката свест.

Светот прави импресивни обиди за минимизирање на штетите кои и се нанесни на животната средина, земајќи го предвид порастот на населението и урбаниот развој.

 

подготви: Наташа Малинка Миновска

Линкови:

https://repozitorij.vuka.hr/islandora/object/vuka%3A131/datastream/PDF/view

https://wikipredia.net/hr/Environmental_degradation

https://hhr.wiki/detial/Environmental_degradation

https://environmentgo.com/hr/types-of-environmental-degradation/

https://bs.warbletoncouncil.org/deterioro-ambiental-10762

https://hr.history-hub.com/sto-je-degradacija-okolisa

https://www.academia.edu/30612689/Eko_prijetnje

https://gery.gef.bg.ac.rs/handle/123456789/356

https://nova-akropola.com/tag/ekoloska-degradacija/

https://www.eionet.europa.eu/gemet/hr/concept/2522

 

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW