Денеска во попладневните часови избувна пожар на депонијата „Врадариште“, лоцирана спроти Јавното претпријатие „Лајка“ во Скопје.
Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески за МИА информира дека депонијата најверојато почнала да гори сама од себе, како и дека во моментот пожарот го гаснат две противпожарни возила.
Инаку, ова не е првпат депонијата „Вардариште“ да гори за време на летниот период./МИА/