Европа се соочува со најголемата суша во последните 500 години, при што две третини од континентот се во состојба на тревога или предупредување, намалувајќи го транспортот во внатрешноста, производството на електрична енергија и приносите на одредени култури, изјави портпаролот на Европската комисија Јоханес Бахрке, повикувајќи се на извештајот на Европската опсерваторија за суша.
Во августовскиот извештај на Европската опсерваторија за суша (ЕДО), пак, надгледувана од Европската комисија, се вели дека 47% од Европа е под предупредувачки услови, со јасен дефицит на влага во почвата и 17% во состојба на готовност, во која е зафатена вегетацијата.
„Тешката суша зафати многу региони во Европа од почетокот на годината,а дополнително се прошири и се влошуви од почетокот на август. Сувите услови се поврзани со широк и постојан недостаток на врнежи во комбинација со низа топлотни бранови од мај наваму. Големиот дефицит на врнежи влијаеше на испуштањата на реките во цела Европа. Намалениот волумен на складирана вода имаше сериозни влијанија врз енергетскиот сектор и за генерирање на хидроенергија и системи за ладење на други електрани.
Неодамнешните врнежи (средината на август) може да ги ублажат условите за суша во некои региони на Европа. Меѓутоа, во некои области, придружните грмотевици предизвикаа штети, загуби и можеби ги ограничиле корисните ефекти од врнежите. Потопли и посуви услови од вообичаеното најверојатно ќе има во западниот евро-медитеран регион во наредните месеци до ноември 2022 година. Во некои области на Пиринејскиот Полуостров, се предвидуваат предупредувачки услови посуви од вообичаените за следните три месеци“, се вели во извештајот на ЕДО.
„Најновото ажурирање на Комбинираниот индикатор за суша, вклучувајќи ги првите десет дена од август 2022 година, укажува на 47% од Европа е во услови на предупредување и 17% во услови на тревога.
Опасноста од суша се зголемува, особено во: Италија, Шпанија, Португалија, Франција, Германија, Холандија, Белгија, Луксембург, Романија, Унгарија, северна Србија, Украина, Молдавија, Ирска и Обединетото Кралство. Остатокот од Европа, веќе погоден од суша, одржува стабилни сериозно суви услови. Забележано е локално закрепнување во јужна Чешка, северна Австрија и ограничени области на централна Франција. Региони веќе погодена од суша во пролетта 2022 година (на пр., северна Италија, југоисточна Франција, некои области во Унгарија и Романија), се оние со најмногу влошени услови.
Според ЕДО,аномалиите на влага во почвата остануваат значително негативни во поголемиот дел од Европа поради недостатокот на врнежите и топлотните бранови што се случија во последните месеци низ цела Европа. Единствено јужниот дел на Шведска е единствениот исклучок со мало намалување на негативната аномалија.