„Најголем проблем е интегрираниот отпад. Исто така и кабастиот отпад. На пример, има акција од Општината да се собере, со локација, известени се станарите, а камионите си одат празни. Наредниот ден на истото место се фрла тој отпад и ние како општина мора да го собереме. Имавме предлог до Град Скопје, кабастиот отпад да се собира двапати месечно. Од друга страна ние немаме средства и камиони да го носиме тој отпад во Дрисла. Меѓутоа град Скопје и комунална хигиена имаат еден, два камиона и еден багер. Колку пати сме барале да го донесат тој багер да расчистиме, тие велат задолжени се само за комунален отпад. Ние сме приморани некогаш тоа сами да го правиме и да одвојуваме средства за да ја расчистиме таа депонија“, изјави Георги Клинчаревски, раководител на Одделение за урбанизам, животна средина и комунални дејности на панелот на Зелен ЦИВИЛ на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“
„Еколошката свест на населението е на ниско ниво. На нив им е полесно да најдат некој малолетник. Кантите со отпад, да ги фрлат во кола со коњи и тоа дете ги носи некаде. Малолетник, а според Законот за малолетници ние не смееме да интервенираме. Треба да има старател, не можеме него да го казниме. Исто и полицијата. Има и такви случаи кои ние не можеме да ги решиме“, додаде Клинчаревски.
Клиначервски зборуваше и за Брсјачка буна, улица во Шуто Оризари, каде до неодамна граѓаните живееја во екстремно лоши услови.
„Состојбата во Брсјачка буна е на пат да се подобри многу е подобрена. Таа и уште две други улици се најдолгите во Шуто Оризари. Тоа е густо населена улица која немаше фекална канализација, т.е. имаше стара со Ф200 која не можеше да собере и уште полошо беше кога врне дожд, од неа извираа фекалиите. Благодарение на Министерство за транспорт и врски и МЖСПП во дел од таа улица се направи фекална канализација Фи400. Уште 285 метри останаа таа канализација да се поврзе со селото Горно Оризари, кое имаше исто септички јами кои ја загадуваа природата. Во прва прилика кога ќе собереме средства ќе ја средиме фекалната канализација. Исто така, немаше и атмосферска канализација, но со пренамена на средства наменети за аеродромот што требаше да се гради во Штип, ја направивме. Аплициравме и во Бирото за регионален развој за да ја завршиме целата реконструкција. Дел од отпадот во Брсјачка буна се собира секојдневно“, објасни Клинчаревски.
„Ако на Запад има три канти за селектирање на отпад, кај нас се рече дека секое домаќинства ќе има по две канти, а уште сме на една канта каде сиот отпад го фрламе. Решението по мене би било, освен едукација на населението е да се направат регионалните центри за депонирање со потребната инфраструктура и тој соодветно да се рециклира“, рече Клиначревски.
Б. Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети