„Од голема важност е видот на отпадот и содржината на отпадот. Во Шуто Оризари некаде околу 9 500 тони вкупно комунален отпад. Во соработка со комунална хигиена се направи статистика за како вид на комунален отпад се работи. Највисок процент оди кај биоразградливиот отпад, органискиот, со над 64 %, отпадот од хартија, картон, пластика се на второ, трето место“, изјави Анета Минчева од Одделението за урбанизам, животна средина и комунални дејности во Општина Шуто Оризари, на панелот на Зелен ЦИВИЛ на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“.
„Многу е битна соработката меѓу локалната и централната власт. Како општина не можеме тој товар да го издржиме сами. Преку таа соработка се трудиме дел од отпадот да го управуваме во права насока. Што се однесува до самиот отпад на ниво на општина, имаме комунални работници кои се ангажирани за дел од тие депонии што настануваа на многу локации во самата општина што се должи на недоволна свест при третирање на самиот отпад. Комуналните работници со наши општински возила, во две смени го собираат дел од тој отпад, додека другиот што е од индивидуалните станбени објекти и другите деловни објекти, го собираат од комуналната хигиена и се носи до Дризла“, изјави Минчева.
Селектирањето и рециклирањето е веќе на повисоко ниво. Ние сме на ниво собирање и транспорт. Во тој дел во соработка со граѓанските организации вршиме едукација кај децата за селектирање и рециклирање.
„На сите општини во сите сегменти во управување со отпад фали селекцијата и рециклирање на отпадот“, заклучи Минчева.
Б. Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
Панел дискусија на Зелен Цивил: Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија