Заменик-министерката за животна средина, Христина Оџаклиеска, Георги Клинчаревски и Анета Минчева, од Одделението за заштита на животна средина во Шуто Оризари учествуваат на панел дискусијата на Зелен ЦИВИЛ на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“.
Настанот се пренесува во живо, на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и видео каналот на Јутуб на ЦИВИЛ.
Модераторка на панел дискусијата е Биљана Јордановска, реализацијата е на Ариан Мехмети, а снимател е Атанас Петровски.
Панел дискусијата е дел од „Зелена читанка“ – Проект за развој на ресурси засновани на факти за подобрување на знаењето и јакнење на јавната свест за зелените вредности, теми, политики и перспективи, што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
Зелен ЦИВИЛ е организациска единица на ЦИВИЛ, формирана во 2009 година.