Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Пред да се потпише договор за Попова Шапка, надлежните ветуваат дека истиот ќе биде прво споделен со граѓаните

17/08/2022
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
На Попова Шапка повторно ѝ се заканува неуспешна сезона
Share on FacebookShare on Twitter

Засега не се знае каква ќе биде судбината на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка, дали компанијата што управува со центарот (ЕЛЕМ Турс) ќе инвестира, дали ќе оди со јавно – приватно партнерство или ќе се продава. Ова ќе се дефинира дури откако ЕЛЕМ Турс ќе се одвои од ЕСМ, постапка која е започната пред повеќе од година и пол и според најавите на надлежните се очекува да заврши следниот месец. Од друга страна, министерот за економија на прашање од Порталб.мк одговара дека кога ќе има соодветни инвеститори и истото ќе се сподели со граѓаните, пишува Порталб.мк.

Засега, пред да заврши процедурата за одвојување на ЕЛЕМ Турс од ЕСМ, не може да се каже каква ќе биде иднината на оваа туристичка дестинација. Порталб.мк го праша директорот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, зошто постапката се одолговлекува уште една година. Според него, процедурите се при крај.

Од друга страна, министерот за економија, Крешник Бектеши, кој редовно ја посетува Попова Шапка околу прашањето на инвестициите, по барањето на Порталб.мк да појасни дали има или не инвеститори какви што ги спомнуваше неколку пати на оваа тема, рече дека кога ќе има задоволителни понуди, тоа ќе го споделат со јавноста.

„Лично како министер сум член на Комисијата за ревизија на проекти кои поминуваат како стратешки инвестиции, кои ги водел премиерот. Затоа, како член, имам пристап до секој проект што е од интерес и е официјално доставен до Министерството за економија, друга институција или директно до Владата со интерес да се реализира можна инвестиција во РСМ, и токму таков интерес имало и уште има за развој на Попова Шапка. Но кога има интерес, не значи дека треба да се договориме како Влада; ние треба да го штитиме јавниот интерес, за тоа се вика и јавно-приватно партнерство… Кога ќе имаме инвеститори со кои ќе можеме да се договориме, а кога велам да се договориме, пред да се потпише каков било тип на договор, тоа ќе биде прво споделено со граѓаните, ќе се спроведе јавна расправа за тоа дали сакаме да ја развиваме Попова Шапка онака како го прави Авзи (директорот на ЕЛЕМ Турс), или сакаме приватен инвеститор“, рече Бектеши.

Тој додаде дека во последните две години на Попова Шапка има рекорден број посетители, како и дека има подобрување на услугите.

Потсетуваме дека поранешниот премиер Зоран Заев објави дека во националната стратегија 2021-2027 година, опфатена е и ревитализацијата на центарот „Попова Шапка“, при што беше предвидено да се додели 99-годишна концесија на европски инвеститор./META/

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW