Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Згрижувачките семејства даваат резултати, децата без родители и родителска грижа растат во семејна атмосфера

22/08/2022
in АКТУЕЛНО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Тренчевска: Згрижувачките семејства даваат резултати, децата без родители и родителска грижа растат во семејна атмосфера
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети згрижувачкото семејство Гошеви кое има згрижено три деца, на возраст од четири, четиринаесет и осумнаесет години, со различни социјални и здравствени ризици.

„Со вистинска посветеност, љубов и грижа згрижувачкото семејство Гошеви, целосно успеале да создадат семејна атмосфера која е од големо значење за психо-физичкиот развој на децата. Како Министерство за труд и социјална политика тоа е и нашата заложба,  преку реформите во социјалната заштита, децата без родители и родителска грижа бидат сместени во опкружување кое е најблиску до семејната атмосфера. Задоволството на згрижувачите и среќата која зрачи од лицата на децата е потврда дека реформата дава вистински резултати,“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека семејна поддршка, вниманието и грижата се клучни за напредокот на децата.

Со цел поддршка на згрижувачките семејства и поттикнување на граѓаните кои имаат услови станат дел од згрижувачките семејства,  во нашата држава воспоставени се три центри за поддршка на згрижувачки семејства, тоа се центрите при СОС Детско село, Детскиот дом „11 Октомври„ Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола. 

Центрите за поддршка на згрижувачките семејства се воспоставени со новиот Закон за социјална заштита и нивна задача е подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства. Во моментот во државата има 324 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 576 корисници.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW