Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Владата го задолжи Министерството за животна средина да го стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“

24/08/2022
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Владата го задолжи Министерството за животна средина да го стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната редовна 72-ра седница, на која беа разгледани повеќе точки од нејзината Програма за работа и од интерес на граѓаните, ја разгледа и усвои Информацијата за состојбата на Акумулацијата Паљурци, со задолжение Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) да го стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ да обезбеди доток на вода во акумулацијата Паљурци до максималните можности на системот и тоа во траење согласно потребите за нормализирање на нивото на вода во акумулацијата.

„Со дотурот на дополнителни количини вода ќе се обезбедат услови за наводнување на земјоделските површини и би се избегнале дополнителни штети за земјоделците од Општина Богданци и населените места Стојаково и Ѓавато.

На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање беа усвоени и информациите за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активностите за изградба на фекална канализација во населеното место Страчинце, Општина Гази Баба, како и за финансирање на активностите на Проектот – Регулација на дел од Ободен канал во населено место Арачиново, Општина Арачиново и за финансирање на активности за реконструкција на системот за водоснабдување Богданци.

Овие проекти се дел од инвестициската програма на МЖСПП, во делот за финансирање проекти за водоснабдување и изградба на примарна и секундарна канализација, согласно со стратешките приоритети на МЖСПП за развивање современа и функционална водоводна инфраструктура, заштита на животната средина и подигање на степенот на социјален развој и квалитет на живот во сите општини во нашата држава“, стои во владиното соопштение.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW